Првиот Британец кој ќе ја тестира вакцината за коронавирус: „Не сум херој, ова го правам за да им помогнам на другите“

Тестирањето е поделено во две групи, едната група прима вакцина против новиот тип коронавирус, а другата против менингитис.

Британецот Симеон Корти гостуваше во емисијата „Добро утро Британијо“ за да открие зошто доброволно се пријавил за тестирае на вакцината за Ковид-19, како и кои се споредните ефекти.

Симеон, писател и некогашен ТВ водител, раскажа дека постојат некои несакани ефекти од вакцината, како што се симптоми слични на грип и болки во телото, кои не треба да траат подолго од неколку дена.
-Пробното тестирање почна, но првата вакцинација ќе биде следната среда. Научниците веруваат дека ќе доживееме симптоми слични на грип. Веројатно ќе имаме благи нус појави, а во најлош случај ќе имаме неколку дена болки, открива Корти.
По првата вакцина, Симеон, во зависност од групата во која припаѓа, ќе прими уште една или две вакцини.
– Во среда одам во Институтот „Џенер“, а потоа за месец дена ќе ја добијам другата вакција, а потоа, во зависност од тоа во која контролна група ќе бидам сместен, добивам уште една или две вакцини – вели Симеон.
Тестирањето е поделено во две групи, едната група прима вакцина против новиот тип коронавирус, а другата против менингитис. Испитаниците нема да знаат во која група се, зошто двете вакцини предизвикуваат слични нус појави.

-Нема плацебо група, каде добивате нешто како вода со шеќер. Или добивате вистинска, нова вакцина која ја развиваат, или вакцина која е веќе одобрена – онаа која им се дава на тинејџери да ги заштити од менингитис, истакнува Симеон.

Корти, многу скромно објаснува дека не се доживува себеси како херој и дека волонтира исклучиво за да им помогне на другите.

– Не гледам ништо херојско во својот потег. Едноставно, во позиција сум да им помогнам на многумина, зошто да не го направам тоа. Никој нема да побегне од овој вирус и ако сите се скриеме од тестирање, не би имало начин да дојдеме до вакцина – заклучи Британецот во своето телевизиско гостување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот