Првиот авион на Луфтханза со Авганистанци слета во Германија

Фото: Фејсбук
Авиокомпанијата Луфтханза/ Фото: Архива на Слободен печат

Првиот авион на компанијата Луфтханза во кој беа пренесени Авганистанци, утрово слета на аеродромот во Франкфурт, со околу 130 патници во него, пренесува Ројтерс.

Авионот ги презеде патниците од германскиот воен авион кој ги пренесе Авганистанците од Кабул до главниот град на Узбекистан, Ташкент.

Како дел од мисијата за спасување на Авганистанците од страна на германската влада, во следниве неколку дена ќе следуваат дополнителни летови од Ташкент, Доха и другите соседски градови на Кабул за евакуирање на населението.

На аеродромот во Кабул се уште трае хаос, а американските сили ја контролираат состојбата во него.

Бајден испрати 5.000 војници во Кабул за евакуација на дипломатите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот