Првични проценки по бурата „Филомена“: Штетата од снегот во Мадрид е најмалку 1,4 милијарди евра

Фото: EPA-EFE/ANGELES VISDOMINE

Штетата што ја претрпе главниот град на Шпанија од незапамтеното количество на снег во минатиот викенд е најмалку 1,4 милијарди евра, објавија денеска градските власти на прес-конференција.

– Тоа е само прелиминарна проценка. Очекуваме сумата да се зголеми, изјави заменик-градоначалникот Брегон Виласис, во присуство на градоначалникот Хозе Луис Мартинез-Алмеиди.

Поради бурата „Филомена”, Мадрид беше парализиран од снегот, а температурата падна на рекордни -36 степени. Тоа беше прв снег во Мадрид во изминатите 10 години и наврна околу пола метар.

Главниот град на Шпанија не регистрирал толку снег во изминатите 50 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот