Првичен биланс од силниот земјотрес на островот Сулавеси: Загинаа најмалку 78 луѓе, оштетени најмалку 1.150 згради

Фото: EPA-EFE/IQBAL LUBIS

Бројот на жртвите од силниот земјотрес што во петокот го погоди индонезискиот остров Сулавеси се искачи на 78 луѓе. Потресот со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала најтешко ги погоди градот Мамуџа и соседната област Маџена. Во Мамуџа загинаа 67 луѓе, а во Маџена 11.

Во погодените области подобрено е снабдувањето со електрична енергија, а се обновуваат и телефонските врски.

Илјадници луѓе останаа без домови, а над 800 лица се повредени од кои поголемиот број се наоѓаат во тешка здравствена состојба. Повеќе од 27.800 луѓе се сместени во импровизирани прифатилишта, каде нема доволно храна и ќебиња. Во областа Маџена оштетени се најмалку 1.150 згради.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот