Први знаци на опоравување: Во германија забележан раст на нарачките во фабриките

Стабилизирањето на нарачките се одвива поспоро од очекувањето на аналитичарите и економистите, кои во просек предвидуваа раст од 15 отсто.

Нарачките во германската индустрија се стабилизираа во мај благодарение на опоравувањето на домашната и надворешната побарувачка во услови на постепено олабавување на мерките карантин ширум светот, покажуваат најновите податоци.

Фабриките во најголемата европска економија во мај забележаа раст на новите нарачки за 10,4 отсто во однос на април кога според ревидираните податоци падот на нарачките изнесувал 26,2 отсто.

Стабилизирањето на нарачките се одвива поспоро од очекувањето на аналитичарите и економистите, кои во просек предвидуваа раст од 15 отсто. Домашните нарачки забележуваат раст од 12,3 отсто, а оние за странство пораснале за 8,8 отсто во споредба со претходниот месец.

Најсилно скокнале нарачките на земјите во еврозоната, за 20,9 отсто, додека оние од остатокот на светот пораснале за скромни 2 отсто. На месечно ниво стапката на пораст во мај изнесува 8,9 отсто.

– Најновите податоци за новите нарачки упатуваат на заклучокот дека рецесијата во индустријата го допре дното но континуираното ниско ниво на нарачки покажува  дека процесот на опоравување  ни оддалеку не е при крај, истакнуваат од министерството за економија и енергетика.

– Скромниот раст на нарачките од странство надвор од еврозоната покажува дека глобалното окружување засега е далеку од опоравување и во тешка кондиција, додаваат од таму.

На годишно ниво и новите нарачки во германската индустрија во мај повторно забележаа силен пад за 29,3 отсто.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот