Први снимки од напуштената американска воена база во Сирија (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Американската воена беза на север во Сирија, која се наоѓа на неколку километри од турската граница, во потполност е напуштена, може да се види на снимките кои ги објави агенцијата „Рипли“.

Курдските борци кои се оставени сами да го надгледуваат празниот објект и очекуваат офанзива од Турција.

Снимката покажува што останало од базата на САД во Тел Аграм, а „Раша Тудеј“ пишува дека сега таа изгледа како „град на духовите“.

Сите американски трупи го напуштија местото каде до неодамна се одвиваа воени конфликти, а Курдите сега се препуштени сами на себе.

Белата куќа во неделата неочекувано соопшти дека ги повлекува американските сили од Сирија, додека Турција распоредуваше свои сили на границата со Сирија.

САД им беа поддршка на Курдите, кои ги сметаат за свои сојузници во борбата против Исламската држава, додека официјална Анкара ги обвинува курдските сили за поврзаност со терористички групи во Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот