ПРВИ СНИМКИ ОД ЕКСПЛОДИРАНАТА ГУМА И ПРИНУДНОТО СЛЕТУВАЊЕ НА Боингот во Тел Авив (ВИДЕО)

Фото:Принтскрин

Тешко оштетениот авион Боинг 737“ на бугарскиот превозник „Електра аир“ во кој се наоѓаа 152 патници безбедно се спушти на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив.

На аеродромот кој бил во состојба на најголема подготвеност се наоѓале преку стотина коли на брза помош, како и пожарникари, полиција и сите останати служби. Авионот „боинг 737-400“ тргнал од Келн за Тел Авив.

Набрзо по полетувањето му експлодирала задната лева гума на авионот, а со оглед на тоа дека немало никакви други проблеми пилотите решиле да го продолжат патот до Израел.

При влезот во израелскиот воздушен простор ги дочекале два воени авиони Ф 16. Авионот го испуштил горивото за да биде што полесен при слетување, но и да има помала можност да се запали.

Во 16.25 часот по локално време пилотот успеал да го намали притисокот на гумите така што кочел со моторот при принудното слетување и безбедно го спуштил авионот.

Израелските медиуми јавуваат дека никој од патниците и членовите на екипажот не е повреден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот