Први случај на припадник на КФОР заразен од Ковид-19

КФОР / Фото: Архива

КФОР презема и превентивни мерки за спречување на ширењето на Ковид-19 во Косово, следејќи ги насоките и упатствата на Светската здравствена организација.

Меѓународната воена мисија предводена од НАТО во Косово, КФОР, денеска објавија дека е потврден првиот случај на нивен припадник заразен од новиот коронавирус, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на КФОР што го пренесоа косовските медиуми, се наведува дека меѓународните сили ќе продолжат да ја извршуваат мисијата во Косово за која го имаат мандатот од Обединетите нации, „со цел да придонесат за зачувување на мирен и безбеден амбиент и на слободно движење за доброто на сите заедници во Косово”.

– КФОР презема и превентивни мерки за спречување на ширењето на Ковид-19 во Косово, следејќи ги насоките и упатствата на Светската здравствена организација. (…) КФОР исто така ќе продолжи со следење на ситуацијата, во тесна соработка со институциите на Косово и меѓународната заедница, со цел да овозможи сигурност за сопствениот персонал и за народот на Косово, се вели во соопштението на меѓународната воена мисија во Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот