Први случаи на заразени со мајмунски сипаници во Бугарија

Фото: МИА

Министерството за здравство на Бугарија денеска потврди за први случаи на лица заразени со мајмунски сипаници во таа држава.

Станува збор за двајца мажи кои во изминатите две недели биле во Шпанија и Велика Британија. Засега не е познато дека имале контакт со заразени лица.

Минатиот месец, водечки советник на Светската здравствена организација рече дека епидемијата на мајмуни сипаници надвор од Африка веројатно се проширила преку сексуалната активност помеѓу мажи за време на забави во Шпанија и во Белгија. Сипаниците се пренесуваат преку близок кожен или сексуален контакт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот