Први победи за ПСЖ и Челси во ЛШ (ВИДЕО)

epa08781567 Moise Kean (L) of PSG celebrates with teammate Kylian Mbappe (R) after scoring the 1-0 lead during the UEFA Champions League group H soccer match between Istanbul Basaksehir and Paris Saint-Germain in Istanbul, Turkey, 28 October 2020. EPA-EFE/Tolga Bozoglu / POOL

ПСЖ и Челси ги остварија првите победи во овогодинешното издание на Лигата на шампионите и тоа на гостински терен.

ПСЖ славеше со 0:2 на гостувањето во Истанбул против Бапакшехир, додека Челси беше уште поубедлив и со 0:4 го победи Краснодар.

Фудбалерите на европскиот вицешампион во поразот од Манчестер јунајтед во првото коло, дури во второто полувреме го скршија отпорот на Башакшехир. Резултатот го отвори Моизе Кин во 64. минута на асистенција на Килијан Мбапе. Истиот двоец го „режираше“ и вториот гол во 79. минута.

По ремито без голови против Севиља, Челси се распука во Русија кај Краснодар. Дури ни промашениот пенал на Жоргињо во 13. минута не го поремети играчите на Челси и во 37. минута преку Калум Хадсон-Одои поведоа со 0:1. Домашниот тим ги одбиваше нападите на „сините“ од Лондон се до 76. минута кога направија пенал, а ударот од белата точка го реализира Тимо Вернер.
Само три минути подоцна, Хаким Зијех го постигна првиот гол во дресот на Челси, а конечниот резултат го постави Кристијан Пулишиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот