Први обвиненија за „Агрокор“: Директори на 13 компании се на „тапет“

Покренати се првите обвиненија од страна на хрватското државно обвинителство за аферата „Агрокор“ против 29 лица, меѓу кои се и директори на 13 компании кои биле добавувачи на концернот, објави „Telegraf.hr

На обвинетите на товар им се ставаат фалсификување на службени и деловни исправи.

Се работи за расплет на дел од аферата која се однеува на меници, поради што истрагата е покрената во почеток на годината.

Медиуми пренесуваат дека сомнежите се дека од 4 јануари 2010 до 28 март 2017 обвинетите директори во име на своите фирми потпишувале меници кои ги издавале на компании од концернот „Агрокор“ .

Во мениците било невистинито наведено дека се издадени за вредност примена во стока со што како се наведува директорите били запознаени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот