1 Maj не може да се замисли без скара: Шест совети како плескавиците и колбасите да ви бидат сочни, а не изгорени!

Празнувањето на 1 Мај не може да се замисли без скара. Иако оние што се на велигденски пост, денеска ќе го прослават Денот на трудот со посна трпеза, сепак, веќе утре и тие можат да си приредат месна гозба. 

Ова се најдобрите совети од професионалните готвачи!

Загревање на скарата

Скарата, апсолутно, мора да биде добро загреана пред да го дојде во допир со првото парче месо. Ако не го направите тоа, месото нерамномерно и долго ќе се пече. Лицето од вашето друштво кое е задолжено за месото сака да се занимава со тоа, но не со часови!

Чистење на скарата

Веднаш штом скарата ќе се загрее, мора да ја исчистите. Изгорените парчиња храна не се опасни само за здравјето, бидејќи којзнае од кога стојат на скарата, туку може лошо да влијаат и на месото кое денеска ќе го печете. Сѐ што останало на скарата, е штетно и за вашето здравје и за самата скара. Ќе се залепи за вашето месо и вие ќе изедете изгорено парче, или ќе го направи токму спротивното – ќе се залепи за месото така што нема да можете да го одлепите, што значи дека највкусните, карамелизирани парчиња од денешното месо ќе останат на скарата.

Urugvaj, roštilj, ginis

  Фото: Профимедиа

Подмачкување на скарата

Никогаш директно не подмачкувајте ја скарата со масло или со сланина. Ова многумина го прават, а тоа е голема грешка. Кога ќе го направите тоа, маснотијата поради врелината само ќе се лизне од решетката и ќе капе надолу, каде што ќе почне да создава чад. Премачкајте ги парчињата месо со масло или со сланина, а не самата скара.

Скарата има две „зони“

Ако сте на излет, каде што, секако, не можете да користите електрична скара, туку онаа со јаглен, во тој случај, распоредете го јагленот така што, од едната страна да имате директна топлина, а од другата страна малку послаба. Секое месо не е наменето за печење на висока температура, поради што професионалните мајстори за скара постојано го преместуваат јагленот за да имаат потопла и постудена зона. Печете го месото на потоплата зона за да се карамелизира, а потоа префрлете го на постудената зона, за да го довршите печењето. На постудената зона, можете да ги печете и пилешкото, потенките ражничи или зеленчукот за да не изгорат.

Не го боцкајте месото со вилушка

Никогаш немојте месото на скара да го боцкате со вилушка, како ниту кога го пржите месото во тава. Плескавиците, ќебапите и колбасите се веќе запечени однадвор така што на месото му направиле коричка, ако премногу го боцкате вилушката, сите сокови ќе истечат и ќе добиете суво и тврдо месо.

VI KOJI ĆETE PRAVO DA ROŠTILJATE DA VAS PODSETIMO: Evo zašto NIKAKO ne treba da se jedu ćevapi sa crnim lukom!

             Фото: Профимедиа

Месото мора да се одмори

Секое парче месо мора да помине најмалку пет минути во покриено тенџере или сад пред да заврши на чинијата. Кога печете месо, соковите ќе се концентрираат во неговиот центар. Ако веднаш го исечете или гризнете, соковите ќе истечат. Одморањето на месото овозможува природните сокови да се вратат во сите делови од вашиот омилен специјалитет.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот