Првата жена која ќе игра за машки фудбалски клуб

фото: твитер

Како што одобрија од Холандската фудбалска федерација на фудбалерките ќе им биде дозволено да играат против фудбалерите.

Секако тоа е видено досега на хуманитарни натпревари или од друг карактер, но не и на официјални мечеви.

Младата Елен Фокема (19) ќе биде првата фудбалерка која ќе игра во машки фудбалски клуб, поточно во четвртолигашот ВВ Фоарут.

Доколку биде успешен ваквиот проект, можно е во иднина нејзините чекори да ги следат и другите фудбалерки.

КНВБ е пример за различност и еднаквост. Веруваме дека треба да има место за секого во сите делови на фудбалот. Во овој случај, тоа е убав спортски предизвик што не сакаме да го блокираме. Затоа се решивме на овој експеримент. Искуството со овој предизвик ќе ни каже дали е можно да се постигне тоа, и врз основа на тоа, ние ќе доставиме барање за промена на правилата – се вели во соопштението на Холандската фудбалска федерација.

Федерацијата секогаш ме советуваше да играм со мажи што е можно подолго, па зошто не би било можно тоа? Тоа е голем предизвик, но тоа само додатно ме возбудува. Не можам да ви кажам како ќе помине, но многу сум среќна што можам да учествувам во овој експеримент – рече младата фудбалерка која ќе го „скрши мразот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот