Првата жена градоначалник во Авганистан оставена „сама на брод што тоне“, сите други побегнаа

„Седам тука и чекам да дојдат. Не постои никој кој би можел да помогне, и мене и на моето семејство. Само седам со нив и со сопругот. И тие ќе дојдат по мене и луѓето како мене и ќе не убијат“ / Зарифа Гафари / Фејсбук

Високи членови на владата успеале да избегаат од Авганистан, но Зарифа Гафари и луѓето како неа останале без помош и во страв за сопствениот живот, пренесува „Inews”.

Кога Зарифа зборуваше за странските медиуми од својот стан во Кабул пред само три недели, се надеваше дека таа и нејзината земја имаат иднина. Во неделата, додека Талибанците се подготвуваа да ја преземат контролата над главниот град по напредувањето ширум Авганистан, таа чекаше исламските милитанти да дојдат и да ја убијат.
img alt
Зарифа Гафари Sipa USA / ddp USA / Profimedia

„Седам тука и чекам да дојдат. Не постои никој кој би можел да помогне, и мене и на моето семејство. Само седам со нив и со сопругот. И тие ќе дојдат по мене и луѓето како мене и ќе не убијат. Не можам да го оставам своето семејство. А и да можам, каде би заминала“, изјави Гафари во солзи, пренесува Еспресо.мк.

Во тој момент рекла дека веќе не може да зборува.

img alt
Зарифа Гафари / Фејсбук

Госпоѓа Гафари (27) станала позната во 2018 како најмлада и прва жена градоначалничка во Авганистан во провинцијата Мајдан Вардак. Талибанците секогаш се колнеле дека ќе ја убијат оваа жена зашто била остар критичар со политичко влијание.

Нејзиниот татко – генералот Абдул Васи Гафари бил убиен во ноември минатата година, само 20 дена по обидот да ја убијат и неа, по третпат.

img alt
Зарифа Гафари / Фејсбук

Со повторното појавување на Талибанците и фактот дека таа е истакната јавна личност, г-ѓа Гафари добила работа во Министерството за одбрана во Кабул, што значело одговорност за благосостојбата на војниците и цивилите повредени во терористички напади.

Пред само три недели, г -ѓа Гафари верувала дека има надеж: „Младите луѓе се свесни што се случува. Имаат социјални мрежи, комуницираат, мислам дека ќе продолжат да се борат за напредок и нашите права. Мислам дека оваа земја има иднина“.

Зарифа Гафари / Фејсбук

Кога главниот град почна да паѓа, високи членови на владата успеаја да избегаат од бродот што тоне. Но, г -ѓа Гафари и луѓе со слични позиции како неа, немаат каде да се сокријат.

„Мислевме дека Кабул нема да падне во рацете на Талибанците“, рече Фарзана Кочаи, авганистанска пратеничка. Таа додаде дека десетици илјади семејства побегнале во Кабул заради сигурност, а сега живеат на улица и во паркови.

„Ако моќта се префрли од владата на бунтовниците, тие семејства ќе мора да се вратат во своите домови и да живеат под талибанска власт“, ​​рече таа.

img alt
Зарифа Гафари / Фејсбук

Главниот портпарол на талибанците Забихула Муџахид во неделата вети дека животот на жените и противниците ќе бидат заштитени. Порачаа дека ќе понудат „амнестија“ за оние кои работеле со авганистанската влада или странските сили.

„Ничиј живот, имот и достоинство нема да бидат повредени, а животите на граѓаните на Кабул нема да бидат загрозени“, рекоа.

Меѓутоа, веќе постојат докази за убиства од одмазда и други брутални тактики во области на Авганистан кои веќе групата ги презела, а сега сака да го утврди своето преземање на Кабул.

Големи закани за жените во Авганистан: Талибанците ги злоупотребуваат и поробуваат

Новата авганистанска влада предводена од Талибанците се очекува да ја преземе власта за неколку дена.

Талибанците инсистирале на тоа да бараат мирен пренос на власта и ветиле амнестија за сите кои соработувале со авганистанската влада и со странските сили. Но, таквите уверувања наишле на длабоки сомнежи поради стравувањата дека тие ќе се вратат на тврдата политика што ја водеа пред да паднат од власт во 2001 година, што вклучува и сузбивање на правата на жените.

Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот