Првата жена астронаут ќе зачекори на Месечината до 2024

Една од 12-те жени астронаути во НАСА ќе биде првата која ќе зачекори на Месечината до 2024 година, до кога САД најавија дека луѓе повторно ќе чекорат по лунарната површина, а НАСА соопшти дека меѓу тие луѓе ќе има и една жена.

Жените се на возраст помеѓу 40 и 54 години, од различни професии, а американската агенција ги избрала меѓу илјадници пријавени.

На почетокот НАСА регрутираше војници, мажи. Дванаесет астронаути, кои чекореа по Месечината меѓу 1969 и 1972 година, сите беа мажи. Првата жена во вселената беше Сели Рајд во 1983 година.

За враќањето на Месечината, одлука која ја донесе претседателот Доналд Трамп, НАСА вети и една жена. Четири од астронаутките би претставувале најдобра рамнотежа меѓу младоста и искуството, оценуваат експертите.

Тоа се поранешната воена пилотка на хеликоптер, Ана Меккејн, инжињерката Кристина Коч, Џесика Мер – биолог и поранешната пробна пилотка на ловец Ф/А 18, Никол Ман, која учествувала во војните во Ирак и Авганистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот