Првата тужба до Уставен за незапишување во училиште на невакцинирано дете

Регионаланата телевизија „ТВ Стар“ во Штип објави сторија за родителите кои немаат ниту еден писмен одговор зошто детето сè уште е надвор од настава, ангажирале адвокат, кој се обратил до двата суда, Уставниот и Управниот суд за изрекување времена мерка, за детето да почне со настава. Училиштето тврди дека родителите доцнат со документи.

Осумгодишниот Никола Мијалков оваа година требаше да биде прваче. Меѓутоа, на првиот училишен ден, кога се читале имињата на учениците, неговото име не било на списоците во ниту едно од одделенијата, иако барањето за упис било доставено уште во мај. Никола е аутистично дете, кое до сега не примило ниту една вакцина, поради што не е примен на училиште. Неговиот татко Зоран Мијалков вели дека никогаш не добиле писмен документ зошто неговото дете не може да оди на училиште.

Прочитајте и...  Реализирани 4.000 телефонски разговори за психолошка поддршка за време на пандемијата

–  Во овој случај невакцинирањето не е причина за непосетување на настава бидејќи ни побараа документ во кој се потврдува дека оваа вакцина треба да биде одложена. Документот и се’ што побараа ние доставивме, но, еве моето дете се уште не е тргнато во прво одделение. Нема образложенија, директорот  вика ние како училиште завршивме се’ обратете се до општината. Општината вика обратете се до министерството, а министерството пак не враќа до училиштето- вели таткото Зоран Мијалков.

Мијалкови сметаат дека основното право на образование им е ускратено поради бирократски пречки. Најтешко им е, велат, тоа што детето ги гледа другите деца кои одат на училиште, па тие мораат да ставаат ранче и да го носат во игротека и да глумат училиште.

Прочитајте и...  Втор протест за струјата во Тетово

-Покрената е постапка за молк на администрација, во меѓувреме поднесено е барање за времена мерка до Управниот суд за времено да го регулира овој статус. Покрената е постапка и пред Уставен суд за дискриминација и повреда на права на убедување, вели адвокатот Торов,

Мијалкови имаат веќе едно аутистично дете, кое сметаат дека заболело по добивањето на вакцини. Поради тоа, одлучиле второто дете, Никола, да не го вакцинираат. Детето не е вакцинирано и со МРП вакцина. По барање на училиштето, доставен  е документ дека вакцината требало да биде одложена, но, детето сè уште не оди на училиште.

Поради тоа, Мијалкови го анагажирале адвокатот Трајче Торов, кој веќе покрена постапка до Уставниот суд, а од Управниот суд бара изрекување времена мерка.

Прочитајте и...  Ердоган: Не сакаме ескалација, но Грција може скапо да плати

Прочитај повеќе

Руски јутјубер уапсен за оддавање на државни тајни, ќе остане во притвор до октомври

Слободен печат

Потресни сведочења од притворените на протестите во Минск: Не соблекуваа голи, не тепаа и не мачеа, жените врескаа (ВИДЕО+ФОТО)

Слободен печат

Глетка која го запира здивот: Над 300 делфини забележани во Калифорнија

Слободен печат

Иран ја осуди популарната двојка на 16 години затвор и камшикување поради објави на Инстаграм

Слободен печат

Груби: Сè уште не е постигнат договор помеѓу СДСМ и ДУИ, албанската опозиција шири лажни вести

Слободен печат

Германија ќе ја прогласи Шпанија за ризично подрачје поради коронавирусот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Матоши: Не се укинуваат тестовите за македонските граѓани при влез во Косово

Миа Агенција

Пандемијата го крена рејтингот на Болсонаро

Слободен печат

Наумовска: Очекуваме дека рокот за отпочнување на учебната година ќе биде пролонгиран

Слободен печат

Шасивари: Доделувањето на мандатот е нов политички преседан, Пендаровски доби функција која ја има само Макрон

Слободен печат

Протест во Скопје против поскапувањето на струјата: Не смееме да го дозволиме овој удар на нашиот грб!

Слободен печат

Радев: Ако има оставки и предвремени избори може да се зборува за промена на Уставот на Бугарија и иднината

Слободен печат