Првата транснационална жичница на светот ќе ги поврзува Русија и Кина

Владимир Путин и Си Џинпинг/ Фото EPA

Кина и Русија се земјите кои ќе ги поврзува првата транаснационална жичница во светот и тоа преку реката Амур, пренесуваат тамошните медиуми.

Патниците ќе може да патуваат меѓу градовите Хаихе во Кина и Благовешченск во Русија за помалку од осум минути.

Терминалната станица „Благовешченск“ во Русија била дизајнирана од холандското архитектонско студио „УН студио“, а таа ќе биде на четири ката и ќе содржи платформа за набљудување со поглед преку Амур кон Хаихе.

Архитектот што ќе ја дизајнира станицата во Хаихе допрва треба да биде објавен. Кабините ќе превезуваат до 60 патници и багаж, а тие ќе поаѓаат на секои 15 минути.

– Бидејќи ја преминува природната граница на реката Амур, жичницата Благовешченск – Хаихе ќе биде првата што ќе поврзува две држави и нивните култури – рече Бен ван Беркел, основач и главен архитект на „УН студио“.

Проектот, под раководство на руската компанија за урбанистичко планирање и консултантски услуги „Стрелка КБ“, е веќе во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот