ПРВАТА СНИМКА од Асанж по повеќе месеци поминати во затвор: Основачот на „Викиликс“ видно ОСЛАБЕН И ИЗМОРЕН (ВИДЕО)

Џулијан Асанж / Фото: Твитер

Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж се појави денеска пред судот во Лондон за закажаното рочиште за неговата екстрадиција во САД кои го обвинуваат за шпионажа, каде не успеа да издејствува одложување на процесот за неговиот правен тим да има повеќе време да се спреми за случајот.

Асанж пркосно ја подигна тупаницата спрема поддржувачите кои го исполниле дворот на судницата за да го видат својот херој.

Тој изгледал ослабен, но здрав, иако говорел многу тивко и повремено делувал изморено и збунето. Асанж и неговиот правен тим не успеале да ја убедат судијката Ванеса Барајтсер дека одложување за три месеци во инаку бавниот процес е оправдано.

Бидејќи судијката одбила да го одложи процесот, Асанж со нервозен глас рекол дека не ја разбира процедурата. Кажал и дека неговиот случај „не е праведен“, бидејќи владата на САД има „неограничени ресурси“, додека тој нема лесен пристап ни до адвокати, ни до документи кои му се потребни за борба против изрекувањето.

„Тие ги имаат сите предности“, навел 48 годишниот Асанж кого САД го бара заради објавување на десет илјади тајни владини документи преку Викиликс.

Тоа обвинување е објавено на 11 април, бидејќи Асанж претходно тој ден бил уапсен во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде се засолнил во 2012 година за да не биде екстрадиран во Шведска за обвинение за сексуален напад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот