Првата недела од јуни речиси 1.200 лица настрадале од сончаница во Јапонија

Во првата недела од јуни во Јапонија од сончаница настрадале 1.194 лица, од кои двајца починале, а 19 се во тешка здравствена состојба.

Дури 36,8 отсто од лицата добиле сончаница во својот дом, 21 процент на улица, а 14 отсто на работното место.

Во Токио денеска се измерени 31 степени Целзиусови. Експертите предупредуваат дека ако температурата на воздухот продолжи да расте очекуваат да се зголеми бројот на пациенти од сончаница.

Во 2019 година од високите температури на воздухот починаа 126 луѓе, а над 70.000 биле хоспитализирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот