Првата група мигранти во БиХ сместена во воени шатори во кампот Липа

Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Повеќе од 200 мигранти и бегалци, кои немаа засолниште на локалитетот Липа кај Бихаќ, сместени се во шатори на вооружените сили на Босна и Херцеговина.

Службата за странци потврди дека забрзано работи да се утврди вкупниот број луѓе што се наоѓаат во она што останало од прифатниот камп.

Најавено е дека прашањето за снабдување со електрична енергија и вода за пиење ќе биде решено денеска или најдоцна утре, додека волонтерите на Црвениот крст од градот Бихаќ и Унско-Санскиот кантот работат од утрово да постават голем шатор каде ќе се дистрибуира храна.

Како што пренесуваат локалните медиуми, сместувањето на мигранти и бегалци во подготвените шатори на вооружените сили на Босна и Херцеговина ќе ги создаде сите предуслови за почеток на градежните работи во Прифатниот камп „Липа”, што ќе зависи и од временските услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот