Првата голема битка на Урсула фон дер Лејен: Шефицата на Брисел пред огромниот предизвик на Трамп

Фото: ЕПА

Првата голема битка за новата шефица на Европската комисија (ЕК), Усула фон дер Лејен, веќе е позната: во прашање е трговскиот спор со американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Блиц“.

Лидерката на Европската Унија (ЕУ) сака да создаде „геополитичка“ комисија која ќе реагира на заканите на Кина и САД, и веројатно ќе мора да ја докаже својата способност да стане глобален играч во рок од неколку недели.

Пресудата на Светската трговска организација (СТО) која е донесена во петокот, но с уште не е објавена, му дозволува на Трамп да започне целосна трговска војна со наметнување на царини во вредност од милијарди евра за извоз на европските производи од 30. септември. Токму оваа одлука ја става Фон дер Лејен во незгодна ситуација. Поради тоа што американските царини доаѓаат како одговор на европските субвенции за произведувачот на авиони „Ербас“, Брисел нема доволно причини да одговори на нив.

За работите да бидат уште покомплицирани, Трамп се заканува со нови удари. Имено, освен царините за авионите на „Ербас“, за кои се очекува да бидат во вредност и до осум милијарди евра, Трамп исто така планира да воведе и нови царини за извоз на автомобили и делови за автомобили, кои би можеле да стапат на сила на средина на ноември.

Од ЕУ стравуваат дека трговскиот договор меѓу САД и Јапонија, кој треба да биде потпишан на Генералното собрание на Обеднинетите нации (ОН) следната недела во Њујорк, ќе ги засили уверувањата на претседателот на САД дека може да продолжи со истата стратегија со закани, за да извлече отстапки од Европа.

Додатно, и Кина ја игнорираше ЕУ така што не испрати официјално лице на трговскиот состанок кој е закажан за следната недела, што укажува дека Пекинг и понатаму дава приоритет за постигнување на „преоден трговски договор“ со САД, наместо да одговори на долгогодишните барања на ЕУ за отворање на својот пазар.

– Глобалната трговска клима не е добра. Немаме веќе природни сојузници – рече Бернд Ланге, председавајќи со Одборот за трговија на Европскиот парламент (ЕП).

Престојната трговска ескалација исто така ќе биде голем предизвик и за новиот европски комесар за трговија, Фил Хоган, кој има репутација на „повоинствен“ од својата претходничка Сесилија Малмстрем. Ирецот минатата недела рече дека ќе направи сè што е во негова можнот за да го натера господинот Трамп да ги увиди своите грешки во трговската политика.

Американската листа на царини, објавена во април и проширена во јули, покрива производи во вредност од околу 22,7 милијарди – од виски и холадското сирење „гауда“ до луксусни производи од модната индустрија.

Вашингтон може да ги наметне овие царини за ЕУ во истиот момент кога пресудата ќе биде објавена, што се очекува да случи за две недели. Малстрем во понеделникот изјави за новинарите дека Брисел ги повлекол сите потези за да избегне ескалација на царините, но рече и дека Американците не се вклучиле во преговорите за решавање на недоразбирањата.

– Дадовме конкретни предлози, но не добивме никаква реакција. Нула – рече Бернд Ланге.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот