Првата фабрика на „Тесла” во Европа ќе се отвори во Берлин

Елон Маск

Автомобилската и електроенергетската компанија „Тесла” соопшти дека во Берлин ќе биде отворена нивната прва фабрика во Европа.

Извршниот директор на оваа компанија Илон Маск изјави дека четвртата Гигафактори ќе биде во главниот град на Германија, каде ќе изгради инженерски и дизајнерски центар.

– Сите знаат дека германскиот инженеринг е неверојатен и тоа е дел од причината зошто ќе ја лоцираме нашата фабрика токму во Германија” – изјави Маск синоќа, на церемонијата за доделување награди за автомобили во таа земја.

Според извор на Фајненшл тајмс, во Берлин Тесла ќе произведува два модела: нискобуџетниот Model 3 и Model Y, кој се уште не е во производство. Целта на компанијата е со производство да почне во 2021 година.

Засега не е познато кога ќе почне изградбата на Гигафактори 4, ниту за колку време ќе биде готова. Третата Гигафактори, онаа во Шангај, била изградена за помалку од половина година. Во Кина, Тесла произведува возила Модел 3, наменети за внатрешниот пазар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот