21.8 C
Скопје

Првата Детска aмбасада во светот „Меѓаши” одбележува 29 години од основањето

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши” денеска одбележува 29 години од основањето, како светска асоцијација за заштита на правата на детето.

-Досега се направени многу промени во општеството во врска со состојбата на децата и несомнено е дека голем дел од тие промени започнуваат со рушењето на молкот поттикнато од Детската амбасада „Меѓаши”. Како што е познато, од самото  основање се залагаме за почитување на детскиот интегритет преку заштита на детските права и интереси, воедно се грижиме за спроведувањето на Конвенцијата за правата на детето и развивање на волонтерскиот пристап во работата. Молкот оди во прилог на злоупотребите, затоа „Меѓаши” низ годините постојано го руши тој молк за детските злоупотреби и детските страдања, се вели во денешното соопштение од Детската амбасада.

Оттаму посочуваат дека во 29-годишното работење се соочиле со многу кризни моменти, војни, природни непогоди и состојби во општеството каде децата биле жртви, но, дека последнава криза предизвикана од коронавирусот им донела многу предизвици.

-Пандемијата иако започната во другите земји во светот многу порано и иако Македонија имаше време да се спреми и посоодветно да одговори на неа, кога ни се случи бевме изненадени. Првата детска амбасада во светот „Меѓаши” беше подготвена да реагира, да излезе на терен и да пружи поддршка, но, овојпат имавме невидлив непријател, последиците не беа веднаш видливи, незнаевме од каде доаѓа заканата, всушност бевме збунети и незнаевме како да одговориме на ваква криза. Најлесно воочлив проблем беше недостатокот на заштитна опрема за здравствените работници и решивме од таму да започнеме и со тоа да ги заштитиме децата кои веќе имаа здравствен проблем и лежеа на некоја од клиниките. Донирани беа заштитни маски КН95, оверал одела, мантили и специјални одела за директна работа со заболени од КОВИД-19 на повеќе клиники во Македонија, велат од Детската амбасада.

Од „Меѓаши” истакнуваат дека следејки ја состојбата со пандемијата и несоодветниот третман, особено, како што нагласуваат, на најобесправените и социјално загрозени семејства се обиделе да ги ублажат последиците од пандемијата преку обезбедување училишен материјал и пакети хуманитарна помош.

-Потребно беше  време за да ги разбереме и воочиме последиците кои произлегуваат или имаат потенцијал да произлезат од долгото трање на пандемијата, да ги надминуваме стравовите, да разбереме како бројните полициски часови, самоизолации, карантини, не одењето на училиште и социјалната дистанца ќе влијаат врз децата. Откако увидовме дека пандемијата ќе трае, пристапивме кон овозможување  простор за децата каде ќе може да се изразат креативно и така ја формиравме платформата на Фејсбук и Инстаграм „Заедно дома”. Оваа платформа претставува/ше  инспирација  родителите да поминуваат квалитетно време со децата за време на пандемијата и да создаваат заеднички креативни и уметнички дела, се додава во соопштението.

Како и секоја претходна година така и изминатава, Детската амбасада „Меѓаши” активно ги следеше политиките и случувањата на секое поле од интерес за децата и реагирале на сите политики кои не ги земаат предвидт децата и нивните права на соодветен начин.

-Брзите чекори кон осовременување на образованието и крупните грешки во спроведувањето на онлајн наставата без притоа да се посвети доволно време на следење на функционалноста на новиот начин на образование доведе до зголемување на и онака постоечките класни разлики кај децата. Голем број деца останаа долго време без уреди за следење на наставата, додека голем е бројот и на оние кои следат настава на телевизија, медиум кој не нуди никаква интеракција. Додека се зборува за целосна дигитализација на образованието и е-учебници се уште има деца кои немаат уреди и пристап на интернет, велат од „Меѓаши”.

Во рамките на програмата за Мировно образование со цел изнаоѓање различни начини за актуализирање на проблемот со насилството, зголемување на јавната свест и видливоста на проблемот поставeни биле постери на два автобуси од ЈСП, а  во автобусите беа емитувани и видеа против сите видови врсничко насилство. Одражи биле и 52  вебинари на различни теми релевантни за мировното образование и обуки на кои учествуваа наставници од 12 средни училишта.

Во тек е и кампањата „ПОТТИКНИ МИР” – активности кои ќе ги промовираат вредностите како што се: еднаквоста, одговорноста, дијалогот, ненасилството, емпатијата, социјалната правда, односно ангажирајќи се на овие полиња, секој/а да даде свој придонес кон градењето мир и општествената промена. Во таа насока, оваа кампања се фокусира на човековите вредности и  преземање акција, поттикнување промена на локално и индивидуално ниво.

Поврзани вести

Над 60 отсто од новите случаи на Ковид-19 во Лисабон се од индискиот сој

Слободен печат

ВИДЕО | И покрај забраната, на Стоунхенџ се собраа стотици ентузијасти

Слободен печат

Царовска: Истражни органи треба да утврдат како се правеле набавките на учебници

Слободен печат

Израелската војска успешно тестирала противавионски ласер

Слободен печат

ГАЛЕРИЈА: Радовиш го зафати силно невреме, откорнати се неколку дрвја

Слободен печат

Невреме во Струмица: Oткорнати дрвја и урнат електричен столб

Слободен печат

Остави Коментар