Првата дама во посета на ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска по повод месецот посветен на подигнување на свеста за присуството и прифаќањето на лицата со аутизам, денеска беше во посета на ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје.

Денешната посета е со цел запознавање со работата и предизвиците со кои се соочува оваа установа и е во знак на поддршка на лицата со аутистичен спектар на нарушувања.

За време на посетата, директорката на ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје, др. сци. Силвана Филипова, ја запозна сопругата на претседателот со работата на заводот, при што беа посетени логопедскиот кабинет, кабинетот за аудуометрија, кабинетот за рана говорно-јазичка интервенција и сурдолошкиот кабинет. Ѓоргиевска, исто така, го посети и одделот за рехабилитација на деца со потешки развојни нарушувања, деца со аутистичен спектар на нарушувања и деца со сензорни дисфункции.

– Подигнувањето на свеста на јавноста за аутизмот е многу значајна за раната дијагностика и раната интервенција кај лицата со аутистичен спектар на нарушувања. Со нашата поддршка може да придонесеме во подобрувањето на квалитетот на живот и поголемата инклузивност на овие лица, претежно деца, истакна Ѓоргиевска.

ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје е специјализирана и акредитирана здравствена установа во која се врши детекција, дијагностика, рана интервенција и третман на сите видови на патологија во вербалната комуникација кај деца и возрасни. Во моментов во оваа установа рехабилитациски третман посетуваат вкупно 56 деца со аутистичен спектар на нарушувања и деца со сензорни дисфункции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот