Првата дама: Само заедно можеме да направиме промени што ќе ги подобрат нашите животи

Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на претседателот на државата Стево Пендаровски, денеска, во својство на покровител, се обрати на отворањето на третото издание на фестивалот „Ден на граѓанските организации” што го организира програмата на Швајцарската амбасада за поддршка на граѓанското општество, Цивика мобилитас, а го спроведуваат НИРАС од Данска и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Ѓоргиевска истакна дека граѓанските организации имаат значајна улога за нашето општество бидејќи благодарение на нив се покриваат проблематики коишто би се комплетирале заедно со институциите за да може ефективно и целисходно да се решат одредени проблеми.

Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на претседателот на државата Стево Пендаровски

-Речиси целава оваа година сме обременети со заканата од ковид-19. Сите сме сведоци на згаснување животи, на губење на нашите блиски. Верувам дека ниту пандемијата, ниту што било друго ќе не поколеба и понатаму да останеме активни граѓани, да учествуваме во граѓанските иницијативи, да бидеме членови на невладините организации и да волонтираме. Нашето слободно време е секако нешто што можеме да го даруваме и да го исполниме со активности кои ќе бидат од полза за општеството. Верувам дека со нашиот проактивен став можеме да придонесеме пред сè на локално ниво, но и на ниво на општеството. Има уште многу што да се стори, меѓутоа само заедно можеме да направиме промени што ќе ги подобрат нашите животи, но и ќе го подигнат квалитетот на животот во целото општество, рече Елизабета Ѓоргиевска.

Прочитајте и...  Почнува Skopje Photo Week 2020

На фестивалот учествуваат околу 80 здруженија од кои дваесетина имаат креативни работилници и дебати за посетителите, како има и активности од видот на хуманитарни акции, едукација и заштита на животната средина, арт терапија за деца со попреченост, прва помош и тестирање за ХИВ, уметнички работилници и други активности.

Поврзани вести

ВИДЕО: Девојче падна од третиот кат од станбена зграда, сите останаа вчудовидени како се спаси

Илинка Иљоска

Сојузот на здруженија на пензионери апелира да се обезбедат вакцини против грип за пензионерите

Слободен печат

Германски виролог објаснува за короната: Зошто Кинезите трошат многу кондоми, зошто луѓето не требаше да се затвораат дома и како правилно постапи Путин

Слободен печат

ФОТО: На аеродром во Багдад уапсен генералниот координатор на ИСИС

Илинка Иљоска

Поради штрајк граничниот премин Евзони утре ќе биде затворен за сообраќај

Слободен печат

Мицкоски: Разочаран сум и лут од справувањето на властите со пандемијата

Слободен печат

Остави Коментар