Првата дама на Украина, Олена Зеленска: Не се гледа крајот на нашите страдања

олена зеленска
Олена Зеленска / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Првата дама на Украина за Си-eн-eн откри дека нејзината врска со нејзиниот сопруг, претседателот Володимир Зеленски е на „пауза“ бидејќи им е забрането да се гледаат подолго време за време на војната.

Во интервјуто емитувано во вторникот, Олена Зеленска во разговорот со познатата новинарка Кристијани Аманпур откри дека не смее често да се гледа со својот сопруг, а кога ќе го види тоа е навистина кратко.

„Но, барем физички го чувствувам покрај мене. Ова не е нормално. Не е нормално децата да не можат да го видат својот татко и да мораат да разговараат со него само на телефон. Така, нашата врска е на пауза исто како и за сите Украинци. Чекаме повторно да се собереме, повторно да бидеме заедно, да поминуваме вечери заедно и да разговараме со децата за нивните работи“, изјави таа.

И Зеленски и неговата сопруга одбија да ја напуштат Украина по руската инвазија на 24 февруари.

Во првите два месеци од војната, семејството воопшто не можело да се види. Зеленски живеел во својата канцеларија со својот персонал, додека Олена и нивните две деца на возраст од 17 и 9 години биле чувани на тајна локација.

Во своето интервју за Си-Ен-Ен, првата дама на Украина исто така рече дека тековната војна, која се оддалечи од Киев и се интензивира во источниот регион Донбас, ѝ нанела голема штета на земјата и дека во моментов „не може да се види крајот на нивните страдања“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот