Првата дама на САД им се врати на службените обврски и повторно изненади со стилот! (ФОТО)

профимедиа

Скоро два месеци Меланија Трамп се немаше појавено во јавноста. Првата дама, како и повеќето граѓани на Америка, беше внимателна и одговорна, останувајќи во Белата Куќа. Таа сите ги воодушеви пред неколку дена кога заедно со сопругот се појави во дворот на Белата куќа за да го одбележат Денот на планетата Земја. Парот после тоа имаше уште еден службен настан каде јавноста за прв пат имаше можност да ги види надвор од Белата куќа. Причината за тоа беше одбележувањето 75 години од завршувањето на Втората светска војна. Претседателот и првата дама пристигнаа во трговскиот центар во Вашингтон за да положат венец, а таму ги дочекаа фоторепортерите кои овој пат конечно имаа можност да ја сликнат прекрасната дама.

Првата дама била во одлично расположение и изгледа дека едвај чекала да се врати на службените должности. Таа неодамна го прослави својот 50-ти роденден и овој пат се одлучи да се држи до проверената елеганција која последните неколку години ја применува. Таа се уште е елегантна и достоинствена дама која одлично се снаоѓа при модните избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот