Првата бивалентна вакцина против коронавирус е одобрена во Велика Британија

Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Првата бивалентна засилувачка вакцина на „Модерна“ против коронавирусот е одобрена за употреба во Велика Британија, соопшти денеска Британската Регулаторна агенција за лекови и здравствени производи (MHRA).

Таа прилагодена вакцина „таргетира“ две различни варијанти на коронавирусот – оригиналниот вирус од 2020 година и варијантата омикрон.

Бивалентната вакцина на „Модерна“ е одобрена за „бустер“ дози за возрасни, откако беше откриено дека ги исполнува стандардите на британскиот регулатор за безбедност, квалитет и ефикасност, се нагласува во соопштението објавено на веб-страницата на британската влада.

Одлуката за одобрување на „бустер“ вакцината во Велика Британија ја поддржа владиното независно стручно научно советодавно тело – Комисијата за хумани лекови, по внимателна ревизија на доказите.

„Во секоја доза на Spikevax двовалентна оригинална/омикрон-засилувачка вакцина, половина од вакцината (25 микрограми) го таргетира оригиналниот вирус од 2020 година, а другата половина (25 микрограми) го таргетира омикронот“, се вели во соопштението на МХРА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот