Прва жртва во кралските редови: Од коронавирус почина шпанската принцеза Марија Тереса!

Фото: Принтскрин

Шпанската принцеза Марија Тереса (87) од кралското семејство Бурбон-Парма починала откако се заразила со коронавирус, пренесува „Мирор“.

Братот на принцезата, 79-годишниот принц Сикстус Хенри од Бурбон-Парма, ја потврдил веста за медиумите. Марија Тереса е една од досега 5.000 починати жители во Шпанија од коронавирусот.

Родена е во 1933 година во Париз, како една од шесте браќа и сестри. Никогаш не се венчала и нема деца. Животот го поминала во Мадрид.

Веста за нејзината смрт како членка на некое светско кралско семејство е објавена откако светот дозна дека и британскиот принц Чарлс е позитивен на коронавирус

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот