Прва жртва на протестите во САД поради смртта на Џорџ Флојд

Кирквуд информира дека жртвата е 19-годишно момче, кое починало во болница.

Eден маж е убиен од огнено оружје за време на синоќешниот протест во Детроит, одржан поради смртта на Џорџ Флојд во Минеаполис, соопшти локалната полиција.

Портпаролката на полицијата на Детроит, Никол Кирквуд изјави дека синоќа, половина час пред полноќ по локално време, од еден џип е отворен оган врз луѓето кои протестирале во Детроит поради насилната смрт на Џорџ Флојд во Минеаполис.

Во нападот е убиено едно лице. Кирквуд информира дека жртвата е 19-годишно момче, кое починало во болница.

Полицијата во Детроит тврди дека уличните демонстрации ги воделе луѓе кои не се граѓани на Детроит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот