Прва жртва на коронавирусот во српската влада

Денеска почина државниот секретар во Министерството за животна средина на Србија, Бранислав Блажиќ кој беше позитивен на коронавирусот.

Ова за „Блиц” го потврдиле и претставници на српското Министерство за животна средина.

Блажиќ е од Кикинда, град кој е едно од жариштата на епидемијата на коронавирусот во Србија, но со години живее и работи во Белград. Тој бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Белград.

Тој е еден од основачите на Српската напредна партија и член на претседателството на СНС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот