Прва жена шеф на најстарата светска агенција: Галони нова главна и одговорна уредничка на Ројтерс

Алесандра Галони ќе стане главна и одговорна уредничка на Ројтерс, прва жена на таа позиција во 170-годишната историја на оваа агенција.
Галони (47) е родена во Рим. Досега таа беше една од уредниците во Ројтерс, а на местото главен уредник ќе го замени Стивен Адлер, кој ќе се пензионира кон крајот на април.
Таа има долгогодишно искуство во покривање економски теми и политика, а пред да дојде во Ројтерс работеше за Волстрит журнал.
За Ројтерс моментално работат 2.450 новинари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот