Прва жена фаворит за Оскар за филмска музика – Хилдур Гуднадотир

Исландската композиторка Хилдур Гуднадотир е првата жена која самостојно компонирала музика за филм и за тоа доби Златен глобус, а и влезе во потесниот избор за Оскар во таа категорија.

Хилдур Гуднадотир (37), авторка на музиката за мегапопуларниот филм „Џокер“, води многу мирен живот во Берлин, но веќе почна да се шета по црвениот тепих, откако овој викенд ја доби наградата за најдобра филмска музика на доделувањето на SAG наградите, пренесуваат светските медиуми.

Таа е фаворит за Оскар за филмска музика и има прилика да стане првата жена композитор која се закитила со ова престижно признание, кое како категорија е дел од Оскарите уште од 1947 година.

Инаку, ова остварување во режија на Тод Филипс има 11 номинации за Оскар, а според обложувалниците „Џокер“, но и главниот актер Хоакин Феникс, се главни фаворити за златната статуетка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот