Прва во регионот, втора во Европа по Монако: Србија набавува уште два милиона дози од вакцината на „Синофарм“

Фото: EPA-EFE/Janos Vajda HUNGARY OUT

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска разговараше со раководството на „Синофарм“ за процесот на набавка на вакцини, за изградбата на кинеска фабрика за вакцини во Србија, како и за изградбата и опремата на српските болници, соопштија од кабинетот на српскиот претседател.

За време на состанокот потпишан е Договорот за набавка на дополнителни два милиона дози на вакцини од „Синофам“ на кој присуствуваше и кинеската амбасадорка во Белград, Чен Бо.

– Тој посочи дека српските експерти дале многу високо мислење за квалитетот и безбедноста на вакцината „Синофарм“, се наведува во соопштението.

Претседателот на групацијата „Синофарм“, Лиу Џингжен, изјави дека „се среќни што можат да го поддржат народот во Србија во борбата против вирусот”.

– Ја цениме довербата на граѓаните во нашиот производ, кажа тој.

Тема на разговорите била и изградбата, реконструкцијата и опремувањето на болниците во Србија.

Како што јави допсиникот на МИА од Белград, во Србија досега се ревакцинирани 809.626 граѓани и според бројот на ревакцинирани на милион жители, Србија е прва во регионот, а втора во Европа, после Монако.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот