Прва трансфузија на крвна плазма на пациент со коронавирус во Москва

Фото: МИА
Извршена е првата трансфузија на крвна плазма во Москва од пациент кој закрепнал од коронавирус на заболен пациент, изјави заменик-градоначалникот на Москва за социјален развој, Анастасија Ракова.Според неа, крвна плазма донирале 11 пациенти кои оздравеле од новиот коронавирус, додека седум пациенти кои се уште се лекуваат примиле трансфузија, пренесува ТАСС.

„Ние ја следиме работата на нашите колеги во други земји и знаеме дека слично истражување е успешно спроведено во Кина, Германија и САД. Се надевам дека новата методологија ќе ни помогне ефикасно да се бориме против пандемијата“, рече Ракова.

Според последните податоци, 10.131 лица се заболениод од новиот коронавирус во Русија, од кои повеќето случаи биле потврдени во Москва – 6.698.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот