Прва титула за Мареј по операцијата (ВИДЕО)

twitter.com/motionadven

Во неделата британскиот тенисер во решавачкиот меч за титулата успеа да го совлада Станислас Вавринка од Швајцарија со резултат 2:1 по сетови 3:6, 6:4 и 6:4.

Овој трофеј беше прв за Мареј после операцијата на колкот.

– Многу ми значи оваа титула. Во последните неколку години беше многу тешко. Со Стен еден подолг период имавме многу повреди. Многу е убаво повторно да се сретнеме во финале. Тоа беше извонреден меч. Не го очекував ова, затоа сум многу, многу среќен – рече Мареј.

Поради хронична повреда на колкот, Британецот планираше да ја прекине кариерата.

После овој освоен турнир, на денешната најнова објавена АТП ранг листа, Шкотот скокна за дури 116 позиции и моментно е на 127 место со 442 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот