Прва седица на Претседателството на новото косовско Собрание

Фото Архива на СП

Претседателот на Собранието на Косово Глаук Коњуфца ја свика за денеска првата седница на собраниското Претседателство, во време кога двете партии победнички на изборите, Двиежењето Самоопределување (ВВ) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) сѐ уште немаат постигнато договор за формирање на нова влада, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението, на денешната седница на Претседателството ќе се разгледаат барањата за именување делегации кои ќе го претставуваат косовскиот парламент во Парламентарното собрание на Процесот за соработка на Југоисточна Европа – СЕЕЦП и во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Глаук Коњуфца од ВВ беше избран за претседател на на седмиот по ред параламентарен состав, произлезен од вонредните парламентарни избори одржани на 6 октомври минатата година, на конститутивната седница на Собранието на 26 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот