Прва регионална конференција за факторинг

Проектот на УСАИД за Факторинг во соработка со Меѓународната организација за факторинг, Factor Chain International и Стопанската комора на Македонија денеска ќе ја одржи својата Прва регионална конференција за факторинг како алтернативен начин на финансирање.

Според организаторите, настанот има за цел да го зголеми разбирањето за факторингот како алтернативен извор на финансирање кај компаните и пошироката јавност и да ги упати домашните финансиски институции кои работат со факторинг да ги применат најдобрите практики за финансирање.

Воведни излагања на форумот ќе имаат: вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, Вршителката на должност претставник на УСАИД во Република Северна Македонија, Гречен Биркл, заменик министерката за финансии Ширет Елези и членот на извршниот комитет на Factor Chain International, Панос Папатеодору.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот