Прва радост за „пандевци“, Македонија ЃП славеше над Беласица!

фото: facebook.com/pg/ФК-Македонија-Ѓорче-Петров

Денеска во четвртото коло од Првата македонска лига се одиграа три натпревари, во скопското дерби Работнички ремизираше со Вардар (1:1).

Головите беа реализирани во текот на второто полувреме, Вардар кој го доби шампионскиот трофеј за минатата сезона дојде во водство преку Мицевски во 59 минута. „Романтичарите“ се спасија од пораз благодарение на Станковски во 76 минута за нивно второ реми по ред во шампионатот.

Дури во четвртиот натпревар од лигата Академија Пандев успеа да го запише првиот погодок, а истиот доволен и за првите три бода сезонава остварени против Струга Трим Лум. Радост за „пандевци“ во 85 минута донесе Крстовски, а за стружани ова е вториот пораз.

И во последниот трет дуел од саботната програма Македонија ЃП им се врати на победите, откако со 2:1 славеше над Беласица. Уште во третата минута „лавовите“ од Ѓорче Петров имаа предност преку Емини, но нивната радост траеше само четири минути, бидејќи за нов егал се погрижи Каланоски.

Клучниот момент за победа на домашната екипа се случи во 36 минута кога во листата на стрелците се запиша Божиновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот