Прва радост за Е. Пелистер во ЕХФ Европската лига

јосип периќ
Јосип Периќму донесе победа на Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа/фото: РК Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во третото коло ја остварија првата победа во ЕХФ Европската лига откако вечерва како гости со 27:30 го совладаа АЕК Атина.

По три кола, Еурофарм Пелистер има учинок од по една победа, реми и пораз со кои засега е третопласиран на табелата во групата Д.

Битолчани сосема заслужено дојдоа до првата европска победа оваа сезона откако во текот на сите 60 минути беа подбар тим и ги диктираа играта и резултатот.

Единствен пат кога АЕК имаше нерешен резултат беше на самиот почеток кога израмнија на 1:1. Оттогаш, се беше во рацете на битолчани, прво со серија од три гола поведоа со 1:4, а по десет минути игра предноста се зголеми на пет гола (4:9). Предноста на полувремето се намали на три гола (13:16) пред се поради слабото издание на голманите кои немаа одбрана во воведните 15-тина минути.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер доминираа во текот на сите 60 минути/ фото: РК Еурофарм Пелистер

Во второто полувреме, ракометарите на Жељко Бабиќ рутински ја одржуваа предноста која се движеше од три до пет гола и на крајот сосема заслужено славеа со 27:30.

Јосип Периќ со осум постигнати голови беше најефикасен кај Еурофарм Пелистер, одличен беше и Табоада со шест гола, а голманот Секели имаше десет одбрани.

Следен предизвик за ракометарите на Е. Пелистер е натпреварот против Татабања кој ќе се игра за седум дена во Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот