ПРВА ПОМОШ: Корка леб и лимон ако ви застане рибја коска

Многу луѓе сакаат риба, но не ја јадат често од страв да не проголтаат рибја коска.

За да не ви се случи тоа, рибата пред сè треба да се јаде полека и да се исчисти секој залак и од најмалата коска.

Доколку се случи коска од рибата да ви застане во грлото, проголтајте корка од леб. Корката скоро сигурно ќе ја „собере“ коската, а во желудникот коската брзо ќе се раствори.

Стручњаците советуваат да се обидете со шмукање лимон ако коската и понатаму ја чувствувате во грлото. Киселиот сок, поминувајќи низ грлото, ќе помогне да се отстрани коската.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот