Прва помош кај напад на жолчка

pexels
Фото: Pexels

Нападот на жолчка може да биде многу драматичен, се појавуваат болки во горниот десен дел на стомакот, со придружни симптоми на повраќање и мачнина.

Првата помош при напади на жолчката се состои во престанување на внесување храна, смирување на болката, внесување доволно течности и мирување. Кај посилните напади, кога лицето не е во состојба да се движи, потребно е да повикате брза помош или да го пренесете пациентот во најблиската здравствена установа каде што ќе му биде пружена лекарска помош.

Симптомите на камења во жолчката може да бидат добро прикриени и мошне тешко се откриваат. Често се случува личноста воопшто да не знае дека има камења во жолчката, бидејќи може да помине долго време пред да се појават првите симптоми. Исто така, многу пациенти го откриваат присуството на камењата случајно – при ултразвук на абдоменот. Понекогаш жолчниот камен е толку мал што незабележливо се исфрлува од телото, иако може да достигне дијаметар од 2,5 см и да направи големи проблеми. Додека камењата во жолчката мируваат, болниот нема симптоми, меѓутоа, кога ќе почнат да се движат и ќе заглават во жолчниот канал, предизвикуваат многу силни болки под десното ребро, кои се шират во грбот, рамото и десната лопатка, понекогаш се шират кон
и во градниот кош, што предизвикува страв од срцев удар. Често се појавува гадење со повраќање при што по исфрлувањето на содржината од желудникот не доаѓа до олеснување. Ако движењето на каменот е поврзано со воспаление на жолчното ќесе, може да дојде до зголемување на телесната температура и треска. Се случува каменот во жолчката целосно да го затвори жолчниот канал и на тој начин да спречи одлевање на жолчката во цревата и да предизвика појава на жолтица. Симптомите на нападот траат од неколку минути до неколку часа, па дури и до неколку дена и тогаш пациентот мора да се јави кај лекар. Императив во такви случаи е промена на начинот во исхраната.

Во случај на такви проблеми, треба да се пијат благи чаеви, најдобро од нане, и тоа млаки. Подоцна, треба да се внимава на исхраната, а тоа значи да се консумира двопек, бисквити, варен ориз и варен компир, посни супи. Покрај сето ова, се препорачува и мирување. Ако силните проблеми се појават одеднаш и не престануваат за неколку часа, задолжително треба да се посети лекар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот