Прва поетска книга: „Сите мои песни“ од Маријана Митревска

Поетесата Маријана Митревска самостојно ја објави книгата „Сите мои песни“. Родена е во Битола, живее и твори во Ресен, а образованието го стекнала во Ресен, Битола и Охрид. Сака да учи странски јазици, а покрај англискиот го изучува и германскиот јазик.

Песните што ги пишува се за возрасни, но има напишано песни и за деца. Станува збор за лирска поезија инспирирана најмногу од ликот и делото на Тоше Проески, но како инспирација се појавуваат и христијанството, природните убавини и живиот свет.

Поединечно своите песни Маријана ги испраќала на разни поетски конкурси низ светот и досега има добиено 50-ина награди во Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Бангладеш, Индија, Мексико, Нигерија, Бутан, Куба, Колумбија, Перу, Бразил, Тексас (САД), Вашингтон (САД), Филипини, Австралија. Збирката „Сите мои песни“ ја освоила втората награда „Душа на чаршијата“ на конкурсот „Книжевни меридијани“ во Битола. Покрај поезија, Митревска пишува кратка проза и хаику.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 57, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 21-22 ноември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот