Прва победа за младите кошаркарки на ФИБА-челенџерот во Софија

фото: КФСМ

Женската јуниорска кошаркарска репрезентација во четвртиот натпревар на ФИБА-Челенчер турнирот кој се игра во Софија, ја оствари првата победа. Избраничките на селекторот Јелена Антиќ ја победија Албанија со 61:49 притоа прикажувајќи ја најдобрата игра досега на турнирот.
Од самиот почеток ја имаа контролата над играта и над резултатот. И доколку немаше мало опуштање во последната четвртина, победата ќе беше поубедлива.

По релативно израмнетото прво полувреме во кое избраничките на Антиќ имаа двоцифрена предност, сите дилеми беа решени во третиот дел. Со одлична игра во одбраната, кошаркарките на противникот му дозволија да постигне само шест поени и дојдоа до предност од 25 поени (53:28).

Последниот натпревар на ФИБА Челинџер купот, кошаркарките ќе го играат утре против Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот