Прва победа за кадетките на ЕХФ шампионатот

принтскрин/Youtube/PallamanoTV

Во рамките од групата Б македонската женска кадетска ракометна репрезентација славеше минимално со 30:29 против селекцијата на Белорусија.

Во самиот финиш од средбата при 29:29 Белорусинките направија пробивање, тоа веднаш беше казнето од контра која ја реализираше Ѓорѓиевска.

Токму Стефанија Ѓорѓиевска беше најефикасна во нашите редови со шест голови, пет имаше Ангела Јанкуловска, а по три Ана Марија Коларовска и Мирјана Петковска.

На спротивната страна по шестпати во листата на стрелците се запишаа Кристина Хапаниук и Алина Кишко.

Третиот меч на ЕХФ шампионатот нашите ракометарки ќе го имаат в среда од 18.00 часот против Азербејџан. Моментно на табелата после две кола Италија има четири бодови, по два Белорусија, Полска и Македонија, а ниту еден Азербејџан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот