Прва победа за фудбалерките во квалификациите за СП, лесно ја решија Летонија

Прва радост за женската репрезентација на Македонија во квалификациите за СП 2023/ фото: ФФМ

Женската фудбалска репрезентација на Македонија по двата двата убедливи порази од фаворитите Англија и Австрија, денеска ја оствари првата победа во квалификациите за Свесткото првенство кое 2023 година ќе се одржи во Австралија и Нов Зеланд.

Фудбалерките во третото коло од квалификациите за СП 2023 година, со убедливи 1:4 славеа на гостувањето кај Летонија.

Победата ја најави Рочи со голот во деветтата минута, а во 28.  минута Наташа Андонова ја дуплира предноста. Летонките две минути подоцна преку Балицева намалија на 1:2, но тоа беше се што успеаја да направат.

Избраничките на селекторот Кирил Изов победата ја заверија на стартот од второто полувреме кога Максути зголеми на 1:3, а Андонова во 63. минута го постави конечниот резултат.

Фудбалерките кои со трите бода се искачија на четвртото место на табелата, за пет дена ќе има можност да додаде уште три бода на своето конто бидејќи игра против последнопласираната селекција во групата Д, Луксембург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот