Прва молитва во Аја Софија по 86 години (ВИДЕО)

Аја Софија, Истанбул, Турција / 24 јули 2020 / Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Во АјаСофија во Истанбул во тек е првата молитва по 86 години, по одлуката ова историско наследство од музеј да се претвори во џамија, пренесува Алџезира.

Многу граѓани чекале на 11 контролни пунктови за да му биде дозволено да влезе во просторот предвиден за молитва.

Надлежните служби, по дезинфекцијата, на присутните им поделиле маски и еднократни простирки за молитва.

Мерки поради вирусот

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, пристигнал во џамијата Аја Софија еден час пред почетокот на намазот, а собраните верници го поздравија со аплауз и овации.

Аја Софија, Истанбул, Турција / 24 јули 2020 / Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Во рамките на мерките воведени поради спречување на ширењето на Ковид-19, предвидено е молитвата да се изврши во пет зони на отворено, три за мажи и две за жени.

Воедно на контролните точки надлежните служби ќе им мерат температура на посетителите и ќе проверуваат дали носат маски.

На терен се и 736 здравствени работници, распоредени на 17 локации, како и неколку амбулантни возила и амбулантен хеликоптер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот