Прва Литературна е-манифестација „Илинден 2020“

Општина Илинден ја организира првата Литературна е-манифестација „Илинден 2020“ со стихови за душа испеани од учесниците. 

Поради актуелната ситуација и забраната за организирање на јавни собири, овогодинешната манифестацијата ќе има поинаков облик, со цел да се подигне и одржи духот на љубителите на поезијата. Литературната е-манифестација „Илинден 2020“ општина Илинден за првпат ја организира во ваков облик.

Во месецот мај, општина Илинден живее во звукот на поезијата преку Литературната манифестација „Илинден“ која порасна во манифестација која 20 години по ред на едно место ги собира најеминeнтните писатели од државата и од странство. Настанот има посебна естетска вредност и се одржува во насока на промовирање на современи културни достигнувања и негување на културата и културните вредности преку приближување на пишаниот збор до поголем број читатели.

Наместо како до сега, во Домот на културата Илинден, стиховите годинава нема да одекнуваат оттаму, туку тие директно ќе се излеваат во домовите преку веб страната на Општина Илинден (www.ilinden.gov.mk).

– Убедени сме дека преку Литературната е-манифестација „Илинден“ се остварува нашата намера да ја приближиме книгата до секој поединец, книгата да стане дел од животот на секој од нас. Пред се, затоа што со секоја прочитана книга стануваме побогати со нови знаења, нови искуства, нови идеи, нови вредности. Горди сме што токму Литертурната манифестација „Илинден“ изминатите години беше место за афирмација на многу млади автори. Успавме да го доближиме пишаниот збор до граѓаните, особено до најмладите, до нашата иднина. Задоволни сме што успеавме да изградиме мост меѓу домашните и писателите од странство при што размената на искуства е дргоцена за сите нас, се вели во соопштението на  градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, кој им се заблагодари на сите што придонеле Литературната манифестација „Илинден“ да го стекне угледот и реномето што го има денес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот