Прва лига: Во финишот избега победата на Вардар

Фото: fkvardar.mk

Во последниот натпревар од осмото коло викендов во Првата македонска лига одигран во Битола ремизираа екипите на Пелистер и Вардар со резултат 1:1.

Скопските „црвено-црни“ беа во први во предност од 31 минута кога стрелаше Матеј Цветановски и со позитиваа заминаа на пауза.

Играчите на тренерот Александар Васоски беа многу блиску до освојување на трите бода, но домаќините на крајот стигнаа до реми.

Во судиското надополнување од второто полувреме (90+4`) автогол си постигна бразилскиот интернационалец Чарлестон.

Прва лига
8. коло, резултати –

Сабота:
Беласица – Ренова 1:1
Македонија ЃП – Струга Трим Лум 2:0
Работнички – Академија Пандев 0:0
Шкендија – Силекс 1:1
Шкупи – Борец 3:0

Недела:

Пелистер-Вардар 1:1

Табела:

1. Шкендија 18 бодови
2. Шкупи 16
3. Македонија ЃП 16
4. Борец 12
5. Силекс 11
6. Работнички 11
7. Струга Трим Лум 11
8. Вардар 11
9. Пелистер 10
10.Академија Пандев 7
11.Ренова 6
12.Беласица 1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот