Прва лига: Вардар само ја налути Шкендија, Шкупи го освои Кратово

Фото: facebook.com/fcshkendija

Денеска пет натпревари од 24 коло во Првата македонска лига, составот на Шкендија на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје со резултат 1:6 убедливо славеше против Вардар.

Домаќините успеаја во 11 минута да поведат со погодокот на Мирчевски, но потоа следуваше гол-шоуто на тетовските „црвено-црни“.

Најпрвин израмнувањето се случи во 27 минута со голот на Рамадани, а за предност се погрижи Ибраими во 34 минута. Овој вториот на стартот од вториот дел уште еднаш се запиша во листата на стрелците, додека шестката во мрежата на Вардарци ја комплетираа Дориев, Хебај и Елези.

Пресврт имаше и во Тетово, „гипсарите“ стекнаа предност во 16 минута преку Шефити, но „лавовите“ од Ѓорче Петров не дозволија пораз и преку Алексовски и Дос Сантос забележаа победа.

Академија Пандев веќе петти меч по ред не знае за пораз, овојпат славеа со 1:0 против Струга Трим Лум, стрелец на погодокот за „пандевци“ беше Велиновски (29`).

Водство за Беласица донесе Гуџуфи во 18 минута, но струмичани ваквата позитива не успеаја да ја задржат, откако „романтичарите“ дојдоа до нерешен исход во финишот (Петковски, 89`).

Шкупи уште еднаш покажа дека има сериозни амбиции за излез на европската сцена, на денешната пресметка во Кратово со 1:3 го совлада Силекс. Иако домашниот состав водеше со голот на Каракамишев во 15 минута, тимот од Чаир го направи пресвртот во 38, 70 минута и 88 минута кога мрежата на Божиновски ја тресеа Руатубјаје, Диак и Региналдо.

Табела: Шкендија 53 бодови, Шкупи 46, Македонија ЃП 41, Струга Трим Лум 34, Работнички 33, Борец 32, Пелистер 28, Академија Пандев 28, Вардар 27, Силекс 26, Ренова 24, Беласица 14.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот